Италија
Спасени 159 мигранти од Либија
26.12.2019 12:20
Зеленото светло од Рим следуваше откако Франција, Германија и Португалија се согласија да преземат дел од нив, а Европската комисијата ја активираше процедурата за прераспределба.
Брод за спас на мигранти пристигна во Таранто откако италијанските власти му дадоа дозвола да префрли на копно 159 лица. Групата вклучува и 50 малолетници. Мигрантите кои патуваа од либиското крајбрежје беа спасени од два чамца пред четири дена.
Зеленото светло од Рим следуваше откако Франција, Германија и Португалија се согласија да преземат дел од нив, а Европската комисијата ја активираше процедурата за прераспределба.
„Океански викинг“ чекаше 30 часа во меѓународни води крај Лампедуза пред да добие дозвола.
