Десетици загинати во тајфунот „Фанфон“
Десетици луѓе загинаа , повеќемина се изчезнати во тајфунот „Фанфон“ што го погоди централниот дел на Филипини. Меѓу жртвите има и деца. Илјадници луге се евакуирани. Бурата што го погоди архипелагот се движи кон запад...
Десетици луѓе загинаа, а повеќемина се водат како исчезнати во тајфунот „Фанфон“ што ги погоди централните делови на Филипините. Меѓу жртвите е и едно 13-годишно момче, кое загинало од струен удар. Бурата донесе обилни врнежи од дожд, силни ветришта и поплави, поради што илјадници луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Тајфунот го погоди островот Самар на Божик, поради што многу жители не успеаја да стигнат да го прослават празникот со своите семејства. Околу 15 илјади луѓе останаа блокирани во пристаништата поради откажани траекти. Дел од жителите, пак, заглавени во прифатните центри.
Силниот ветар предизвика голема штета. Уништени се домови, откорнати се дрвја, а во многу домаќинства има прекин на електричната енергија. Откажани се и авиолетови.
Бурата што го погоди архипелагот во вторникот, се движи кон запад, и се очекува да ги напушти филипините од сабота. „Фанфон“ ја намали силата на патот кон Кинеско Море со максимална брзина на ветерот од 150 километри на час.
Филипините секоја година се погодени од околу дваесет тајфуни и тропски бури. 13 луѓе загинаа во силна тропска бура во средината на декември на север од земјата.
Марина Ристова
