Извршителите протестираат, незадоволни се од новиот тарифник

26.12.2019 13:07

Измените во тарифникот ќе бидат готови до крајот на неделава и се очекува по итна постапка да се усвојат во Парламентот. Освен намалување на наградата предвидена е и опција за отпис на камати и репрограмање на долгот кај граѓаните, како и ограничување на максималната сума која може да се земе од сметката на должникот.

Извршителите ги затворија канцелариите во знак на револт. Незадоволни се од новиот тарифник кој им го предложила министерката за правда Дескоска. Со него се предвидува максималната награда за извршителот да се намали од 1.000 на 300 евра.

Измените во тарифникот ќе бидат готови до крајот на неделава и се очекува по итна постапка да се усвојат во Парламентот. Освен намалување на наградата предвидена е и опција за отпис на камати и репрограмање на долгот кај граѓаните, како и ограничување на максималната сума која може да се земе од сметката на должникот.

Претседателот на Комората на извршители, Зоран Димов вели дека прекинот на работата е еднодневен и се надева дека сите извршители ќе го поддржат протестот.

Измени се предложени по серијата протести на граѓаните против извршителите.