Пратенички прашања во Собранието, изборите во фокус
Во Собранието последна седница за пратенички прашања за годинава. ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот дали прифаќа кандидатот- мандатар ако изгуби на изборите повеќе да не биде во политиката. Ќе изгубите со 60 до 120 илјади разлика, бидејќи водите штетни политики, одговори шефот на Владата. Од опозициската партија го обвинија премиерот за лажни ветувања...
Дали прифаќате кандидат мандатар, со услов- поразениот на избори да си замине од политиката, го праша координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски премиерот Заев. Од опозициската партија сметаат дека власта нарачува анкети и вештачки го билда рејтингот пред изборите.
Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде меѓу 60 и 120 илјади гласа, и тоа ќе биде така се додека се вакви политиките а какви биле предходно, одговори премиерот Заев. Гласачите даваат или земаат мандат. Застанете зад заедничката евроинтеграција, бидејќи ако се промени актуелната власт, повторно ќе има кавги со Мицотакис и Борисов, рече шефот на владата. Заев објасни дека нема амбиции да биде пратеник, туку како што додаде, само бара чист мандат.
Бурна реакција во салата предизвика телефонската снимка што ја пушти Милошоски од изјава на премиерот за неколку крупни проекти.
Милошоски рече дека Заев лажел на крајот од 2018 година кога рекол дека годинава ќе стартуваат изградбата на хидроцентралата Чебрен- Галиште, на автопатот Скопје- Блаце и на новиот Клинички центар.
Повикот за изградба на Чебрен ќе се објави до крајот на годинава. Вториот тендер за автопатоа е успешен и почнува изградбата на делницата, а се заокружува и финансиската конструкција за клинички, за што се заинтересирани две странски компании, појасни премиерот Заев.
Од ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на седницата со забелешка дека најголем дел од министрите не присуствуваат на пленарката и не ги добиваат писмените одговори во рокот предвиден со Деловникот.
Милчо Велески
