Кој е најстариот божиќен базар?
Најстариот познат божиќен базар или панаѓур е во Виена. Традицијата долга 8 столетија сеуште ги разнежнува срцата на домаќините и на посетителите, под шарените светилки со мирисот на вино со цимет и стотици специјалитети на скара, со разновидните божиќни колачи и бомбони...

Последниот месец од годината е резервиран за зимски радости и подготовки за новогодишните и божиќните празници.....Многу европски земји односно католичкиот свет кој го пречекува Божиќ на 25 декември традиционално организираат божиќни панаѓури на кои има се и сешто. Мирисот на циметот и варено вино и магичните декорации на улиците изгледаат раскошно,се нудат слатки задоволства и ги разгалуваат душите луѓето кои цела година некаде брзаат понесени од динамиката на секојдневието... Многу европски градови сфатиле дека освен задоволство и убавина Божиќните саеми се одличен извор на заработка, па затоа вложуваат многу во разни декорации а запалените шарени сијалички ги мамат туристите.
Обичаите за Божиќни панаѓури потекнуваат од земјите на германското говорно подрачје Германија, Австрија,Швајцарија и покраината Алзас во Франција. Најстариот познат божиќен базар или панаѓур е во Виена.
Најстариот саем за кој се знае, Кристкиндлмаркт, е одржан во Виена во 1294 година. Според записите, таму се продавале домашни производи од оближните села, главно храна, вино и украсни ракотворби везени специјално за Божиќните празници. Виенскиот божиќен саем важи за најголем и најубав и тој е институција сама за себе. Традицијата долга 8 столетија сеуште ги разнежнува срцата на домаќините и на посетителите, под шарените светилки со мирисот на вино со цимет и стотици специјалитети на скара, со разновидните божиќни колачи и бомбони.
Се одржува на неколку локации во градот. Но главната е пред Ратхаус, односно пред парламентот, потоа кај црквата Петеркирше и Дворецет Шонбрун. До пред дваесет години, панаѓурите се одржувале речиси во секој кварт на една улица. Тогаш градските визионери решиле од тоа да направат добар бизнис за градот и продавниците и штандовите биле поставени пред градското собрание и така божиќниот базар станал симбол на сите божиќни саеми, Следните години се ширел и на други локации. Денес е најважна атракција на Австрија судејќи според бројот на посети и ноќевања.. Го копираат сите што би сакале да постигнат такви финансиски резултати и ефекти. Малкумина знаат дека градот плаќа само една третина од трошоците за украсување, една третина плаќаат продавниците или штандовите, а другото стопанската комора.
Соња Стојановска