Катастар

Промовиран регистар на имоти одземени поради долг

26.12.2019 14:43

Јавно достапен регистарот на одземен имот во постапка на наплати на побарувања од граѓани и фирми. Станови, деловни простории, градежно и земјоделско земиште. Засега понуда има само од банките, наскоро и од стечајните работници, УЈП и извршителите...

Сите информации за продажба на одземени станови, деловен простор и земјиште на едно место. Агенцијата за катастар на недвижности промовира регистар на преземен имот наменет за продажба. Засега понудувачи се само единаесетте деловни банки, а наскоро ќе им се придружат и стечајните управници, УЈП, извршителите и Агенцијата за управување со одземен имот. Засега се нудат 1.207 делови од згради, односно станови и деловни простории, како и 278 катастарски парцели.

Во регистарот ги има сите податоци за одземениот имот, како и неговата површина и местоположба. Агенцијата има целосен увид во преземениот имот од банките и е практично невозможно да се селектира продажбата само на одреден имот, велат од Катастарот.

На порталот сепак нема информација за цената на становите и земјиштето што се продава и затоа сите заинтересирани ќе мора да се јават кај банката продавач на имотот. Според Катастарот, најголем број имоти се лоцирани во Скопје, а најголем понудувач е Комерцијална банка- Скопје.

 

Свето Николовски