Безбедност во сообраќајот

Надлежните со апел за подигнување на сообраќајната култура

26.12.2019 14:58

Низа кампањи и повици за безбеден сообраќај, а свеста на возачите сѐ уште на ниско ниво. Според статистиката, годишно 160 лица го губат животот во сообраќајни несреќи. Во пресрет на новогодишните празници, граѓаните порачуваат возачите да не возат под дејство на алкохол, да се вози одговорно...

Во годината во која се случија несреќи со многу жртви, надлежните со апел за подигнување на сообраќајната култура. И покрај низата кампањи, учесниците честопати не ги почитуваат правилата, па во речиси 90 проценти од случаите, се работи за човечка вина.

Во просек, годишно во земјава околу 160 луѓе го губат животот во сообраќајки. Статистиката на Републичкиот совет за безбедност покажува дека во 2019-та, оваа бројка ќе се движи околу 130, слично како и лани.

Според статистиката на Светската здравствена организација, во светот годишно во сообраќајни несреќи гинат околу 1,3 милиони луѓе, 50- ина милиони се здобиваат со повреди. Периодот на празници е критичен.

Републичкиот совет за безбедност на патиштата преку кампања повика да се вози одговорно.

 

Наташа Гркова- Петрушевска