Формула 1

Не можат без Ф1

06.03.2014 11:58

Плејада врвни поранешни возачи во формула 1 секојдневно се ангажирани од моќните телевизиски компании за соработка при преносите од Формула 1 шампионатот...

Не се веќе во болидите, но барем да бидат крај патеката. Плејада врвни поранешни возачи во формула 1 секојдневно се ангажирани од моќните телевизиски компании за соработка при преносите од формула 1 шампионатот.
Пред само неколку месеци Марк Вебер ја заврши Ф1 кариерата , но се враќа крај патеката како дел од Ф1 тимот на Би-Би-Си заедно со Дејвид Култхард , Еди Ирвајн и Алан МекНиш.
 
Жан Алеси ќе работо за Канал+ со „професорот“ Ален Прост и Жак Вилнев, а меѓу последните што најдоа ангажман е и внукот на легендарниот Ајритон Сена , Бруно Сена кој по кратката и неуспешна Ф1 кариера ќе биде дел од коментаторскиот тим на Скај Спорт Ф1. Бруно е фасциниран од можноста и особено од врвната технологија заснована на најсовремени тач-скринови преку кои ќе се анализираат настаните во Ф1 шампионатот.