Казахстан: Загинати и повредени во авионска несреќа

27.12.2019 10:27

Леталото ја загубило височината по полетувањето од меѓународниот аеродром во Алмати и ја пробило бетонската ограда, пред да удри во двокатна зграда.

Казахстански авион со 98 патници се урна непосредно по полетувањето. Официјални лица  потврдуваат дека најмалку 15 лица загинале  во несреќата, 66 биле повредени, од кои 50 веќе се пренесени во болниците.

Леталото ја загубило височината по полетувањето од меѓународниот аеродром во Алмати и ја пробило бетонската ограда, пред да удри во двокатна зграда.

Очевидци изјавиле дека авионот почнал да се тресе две минути по полетувањето. Британските медиуми наведуваат дека во непосредна близина на аеродромот имало густа магла.

Засега не се знае причината за падот на авиониот, но  веќе се суспендирани сите летови на авионите „Фокер 100“.