Анкара

Ердоган: Во јануари ќе испратиме војска во Либија

27.12.2019 10:54

Меѓународно признатата влада на национален договор (ГНА) во Триполи се бори против силите на генералот Хафтар...

Турција веќе на почетокот на јануари ќе испрати војска во Либија, на барање на Триполи, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Рече дека законот за испраќање сили во Либија се очекува да биде усвоен на 8 или 9 јануари.

Меѓународно признатата влада на национален договор (ГНА) во Триполи се бори против силите на генералот Хафтар. Официјален Триполи потврди дека од Турција побарал воена помош во авиони, копнени и поморски сили.