Метео: Променливо облачно време со сончеви периоди
26.12.2019 16:45
Во сабота се очекуваат врнежи од снег на планините, повисоките но и на повеќе пониски места.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во сабота се очекуваат врнежи од снег на планините, повисоките но и на повеќе пониски места.
За време на викендот ќе дува засилен до силен ветер од северозападен и северен правец, а температурите ќе бележат понатамошно опаѓање.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
