Ниамеј
Нов напад на екстремистите во Нигер
27.12.2019 11:36
Нападот се случил во близина на Санам, на околу 200 километри од главниот град нијамеј, при што загинале седум воени полицајци и седум припадници на националната гарда.
Исламски екстремисти убиле 14 припадници на безбедносните сили кои биле придружба на службеници од нигериската изборна комисија.
Нападот се случил во близина на Санам, на околу 200 километри од главниот град нијамеј, при што загинале седум воени полицајци и седум припадници на националната гарда.
Нигер е изложен на исламски екстремизам, затоа што граничи со Нигерија, каде терористичката група Боко Харам е активна веќе една деценија.
