Филипини
Најмалку 28 жртви во тајфунот „Фанфон“
27.12.2019 11:52
„Фанфон“ ги погоди источните и централните провинции на католичкиот Божик, принудувајќи повеќе од 58.000 жители да се засолнат во центри за евакуација.
Најмалку 28 лица загинаа во налетот на тајфунот „Фанфон“ на Филипините, а 12 се уште се водат како исчезнати.
„Фанфон“ ги погоди источните и централните провинции на католичкиот Божик, принудувајќи повеќе од 58.000 жители да се засолнат во центри за евакуација.
„Фанфон“ беше 21-от циклон што ги погоди Филипините оваа година.
