Крим се припојува кон Русија?!
06.03.2014 12:07
Про-рускиот парламент на Крим донесе одлука да се припои кон Русија...

Парламентот на Крим донесе принципиелна одлука за влегување на автономната република Крим во состав на Руската Федерација, јавија руските медиуми.
Истовремено, про-руското раководство на Крим, реши референдумот за тоа дали Крим да се припои кон Русија или да остане во Украина, да се одржи во наредната недела, на 16-ти март. Ова го изјави кримскиот вицепремиер Рустам Темиргалиев.
Граѓаните ќе треба да одговорат на две прашања. Првото е дали сакаат Крим да стане субјект на Руската Федерација, а второто е дали се за враќање на уставот од 1992 година, според кој Крим е дел од Украина.
