Епидемија на жолтица во населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров
Во периодот од 1-ви септември до 26-ти декември, на подрачје на Скопје регистирани се вкупно 68 случаи на заразна жолтица од кои 48 случаи се диференцирани како вирусен хепатитис А и 20 случаи се вирусен неозначен хепатитис.

Министерството за здравство прогласи епидемија на заразна жолтица во населбата Даме Груев, општина Ѓорче Петров, каде од вкупно пријавени девет случаи од 11-ти ноември до 23-ти овој месец, седум случаи се епидемиолошки поврзани.
И во општина Шуто Оризари се регистрирани две епидемиолошки поврзани случаи, односно две сестри се заразени со жолтица, но нема индикации за пријавување на епидемија во Општината.
Во периодот од 1-ви септември до 26-ти декември, на подрачје на Скопје регистирани се вкупно 68 случаи на заразна жолтица од кои 48 случаи се диференцирани како вирусен хепатитис А и 20 случаи се вирусен неозначен хепатитис.
Во споредба со 2016 година, забележан е зголемен број на случаи. Пред три години биле регистрирани шест случаи, 2017 – 35 случаи и 2018 година – 28 случаи.
Министерството за здравство апелира до граѓаните да се следат препораките за санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки.
