И Македонија на атлетско светско во сала
15-то издание на Светскиот атлетски шампионат ќе се случи викендов во Сопот, Полска.
На него учество со еден претставник запишана и Македонија. Ристе Пандев од Струмица ќе ги брани црвено-жолтите бои на најбрзата, 60 метарската делница. Најдоброто досега истрчано време во Македонија е на Пандев 6,88 секунди. Најбрзото време пак во светот е крај името на Морис Грин кој на овој ист ден 1999-тата истрча 6,42 секунди.

Инаку Светската атлетска федерација како награден фонд на шампионатот одвои 2,464,000 американски долари. Последните неколку години како подржувач и на планетарните рекордни резултати, достигнувања федерацијата инкасира дополнителни 50.000 зелени банкноти.
Инаку финансиската распределбата на првата тројка од подиумот е 40.000 за златните, двојно помалку за сребрените, а од овие, на пола бронзените. Потоа, по две илјадарки помалку ќе избројат редоследно до 6-тото место.