ДКСК ја претстави националната стратегија за 2020-та година
Антикорупционерите ја претставија националната стратегија за 2020-та година. Во фокусот освен правосудството, образованието, се најдоа спортот, земјоделството, екологијата, граѓанските организации и медиумите, но и нивната лична состојба. Од таму велат таа ќе биде поставена на веб страницата за да може да пристигнуваат сугестии, а граѓаните ќе можат на неа да доставуваат евентуални информации за судир на интереси на членовите на комисијата...
Во Aнтикорупциската стратегија за првпат се најде надзорот на спортот, земјоделството, екологијата, невладините и медиумите. Антикорупционерите бараат да се укине финансирањето со јавни пари на медиумите за време на изборните кампањи, зашто во тоа гледаат ризичен фактор за корупција.
Во фокусот останува правосудството. Комисијата не може да прави ветинг ниту да биде активен дел од некоја комисија за негово спроведување, бидејќи таа и според законот треба да ја проверува имотната состојба на судиите. Велат, ќе направат урнек опфаќајќи примерок од 100 до 150 судии. За ветингот се потребни дополнителни критериуми, на пример во Aлбанија, освен имотната сосотјба се оценувал интегритетот и нивниот професионален капацитет.
На веб- страницата граѓаните ќе можат да доставуваат сознанија за евентуални коруптивни дејствија или непотизам кај антикорупционерите. За да се разјасни случајот со ќерката на член на Комисијата вработена во меѓународна институција, ќе се формира предмет за што ќе биде известена јавноста, рече претседателката Ивановска.
Фиљана Кока
