Јовески: Подобро да нема законско решение отколку да се донесе избрзан Закон за јавно обвинителство
Подобро да нема законско решение одколку да се донесе избрзан Закон за јавното обвинителство, порача првиот човек на државното јавно обвнителство, Љубомир Јовески. Посочи дека се посветени на правдата во државата, без селективност...
Во 2019-та година Јавното обвинителство поставено пред многубројни предизвици. Покажа неселективност во справувањето на законите. Имаме и проблеми и слабости, но и подготвеност за справување со криминалот, оцени првиот човек на обвинителството Љубомир Јовески. Вели, се отворија истраги, внимателно се следат случувањата, се постапува и по сопствена иницијатива. Порача – Закон за обвинителството е потребен, но не за Брисел, туку квалитетен и не по секоја цена.
Јовески нагласи дека никој не е над законот, а како што рече, тоа се докажува со покренатите постапки против јавен обвинител, судија, пратеник, службени и одговорни лица. На политичарите и моќниците им стана јасно дека одлуките не се носат во нечии кабинети, туку обвинителите ги носат самостојно. На обвинителите им порача, да не потклекнуваат на притисоци, ја имаат неговата поддршка.
Јовески ја посочи и меѓународната соработка во откривање на дела од финансиски криминал, трговија со луѓе и со дрога. Истакна дека во годината што изминува биле реализирани заеднички истраги со повеќе држави.
Наташа Гркова- Петрушевска
