Кабул

Привремен прекин на огнот во Авганистан

30.12.2019 10:05

Договорот ќе му овозможи на Вашингтон да ги врати војниците од Авганистан и да стави крај на 18-годишниот воен ангажман во земјата, најдолг во американската историја.

Авганистанските бунтовници Талибанци се согласија на привремен прекин на огнот низ целата земја, за да може да потпишат мировен договор со САД.

Договорот ќе му овозможи на Вашингтон да ги врати војниците од Авганистан и да стави крај на 18-годишниот воен ангажман во земјата, најдолг во американската историја.

Вашингтон бара Талибанците да ветат дека терористичките групи нема да го користат Авганистан како база. Според проценките, во Авганистан во моментот има 12.000 американски војници.