Русија

Путин му заблагодари на Трамп

30.12.2019 10:17

Путин му заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за „информација преку специјалните служби која помогнала да се спречат терористички акти во Русија“, соопшти Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин му заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за „информација преку специјалните служби која помогнала да се спречат терористички акти во Русија“, соопшти Кремљ.

Разузнавачките служби соопштиле оти двајца Руси кои сакале да извршат терористички напад во Санкт Петербург за време на новогодишните празници биле уапсени врз основа на американско предупредување.