Земјоделство

Закуп на државно земјиште до три хектари

30.12.2019 10:36

Тече огласот за закуп на државно земјоделско земјиште во 14 региони во земјава. Понудените површини се наменети за производство на земјоделски култури, а изборот на закупувачите ќе биде по пат на бодување.

Површината за која што може еден земјоделец самостојно со геодетски елаборат да достави понуда и да ја добие на јавниот повик е најмногу до 3 хектари.

Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, парцелите ќе ги добијат за користење во период од 15 до 70 години.

Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица. Правните лица мораат да достават бизнис план, а физичките програма за користење на парцелата.

Почетната цена на закупот се утврдува во зависност од просечна закупнина во регионоти и се движи од 1.176 до 27.860 денари по хектар.

Доколку закупецот е физичко лице е на возраст до 40 години или земјиштето го добие трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години, обврската за плаќање на закупнина почнува по три години по влегувањето во сила на договорот за закуп.

Изборот ќе се врши со бодување. Најголем број бодови, односно 65, добива месното население. Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот повик е 22 јануари 2020 година.

 

Методија Трајков