Биљалетдинов сменет, Знарок пред пред промоција
Стратегот Зинетула Биљалетдинов ја плати цената за дебаклот на хокејарската репрезентација на Русија, којашто беше елиминирана во четвртфиналето на ЗОИ во Сочи. Иако по срамниот неуспех тој побарал да остане на селекторската функција, руската хокејарска федерација не му го продолжи договорот. Ослободен од обврските, 58-годишниот Биљалетдинов веднаш се вратил во клубот на којшто во 2009 и во 2010 му ги донесе првите две шампионски титули во КХЛ, но сега како потпретседател и генерален менаџер.

Руската спортска јавност шпекулира дека тренерот на Динамо Москва Олег Знарок ќе биде нов селектор. Ако деновиве тоа добие потврда, прва негова задача ќе биде да ја подготви репрезентацијата за Светското Првенство коешто од 9 до 23 мај ќе се одржи во белорускиот главен град Минск.
Под водство на Знарок, Динамо Москва е освојувач на Гагарин Купот, трофејот којшто му се доделува на првакот на КХЛ, во последните две години.