Крушево полно за новогодишните и божикните празници
Во Крушево речиси се исполнети сите капацитети за новогодишните и за божикните празници. Се бара легло повеќе. Да заврне снегот, сѐ би било идеално во градот на музеите, на чиститот планиски воздух, на рекреацијата и на авантуристичкиот туризам...
Крушево е целосно подготвено да ги пречека гостите и туристите за новогодишните, божикните празници и за зимската сезона. За празниците сѐ е, речиси полно, се бара леголо повеќе. Преку 1.000 легла се на располагање, од кои 400 во хотелите и околу 600 легла во приватното сместување.
Да стигне снегот, велат во Крушево, градот на 8-те музеи и на спомен куќата на Тодор Проески, сѐ би било идеално за празнување и за зимски одмор. Сепак, рекламата не е наодмет.
Крушево ги обновува ресторанските капацитети, се гради во скијачкиот центар „Станич“, ќе се обнови полетувалиштето на Мечкин камен, а градот стана и светски тренинг- центар за параглајдерство.
За пречекот на Новата година на плоштадот ќе бидат Викторија Лоба и бројни ди-џеи. Во секој случај, за новогодишните, за божикните празници и за зимување, Крушево е вистинската дестинација за одмор и рекреација.
Елизабета Митреска
