Средба Пендаровски- Џафери
Пендаровски и Џафери на средбата разговараа и за претстојните активности во процесот на формирање и функционирање на преодната Влада, за спроведување на предвремените парламентарни избори, односно за обврските на двете институции во тој процес.

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Собранието Талат Џафери. На средбата разменети мислења за севкупните состојби во државата и очекувањата за следната година.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, Пендаровски и Џафери на средбата разговараа и за претстојните активности во процесот на формирање и функционирање на преодната Влада, за спроведување на предвремените парламентарни избори, односно за обврските на двете институции во тој процес.
Претседателот на државата Пендаровски и претседателот на Собранието, Џафери, се согласија дека во годината кога очекуваме заокружување на полноправното членство во НАТО и одредување датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија, потврда за демократскиот капацитет на Северна Македонија треба да биде спроведувањето на предвремените парламентарни избори во април 2020 година во фер и демократска атмосфера.
