Багдад

САД извршија „дефанзивен напад“ во Ирак и во Сирија

30.12.2019 12:09

Нападот се случил два дена откако градежен работник од САД беше убиен во ракетен напад врз ирачка воена база.

Американската армија извршила „одбранбени напади“ во Ирак и Сирија против ирачката шиитска радикална група „Катаиб Хезболах“.

Нападот се случил два дена откако градежен работник од САД беше убиен во ракетен напад врз ирачка воена база.

Пентагон соопшти дека биле нападнати три локации на Шиитската муслиманска милиција во Ирак и две во Сирија, вклучувајќи складишта за оружје што ги користи групата за планирање и извршување напади врз коалиционите сили предводени од САД.