Петмина приведени во Општина Тетово

30.12.2019 13:13

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција велат дека за истиот случај, полицијата го бара бара и членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски.

Петмина службеници од Општина Тетово се приведени утринава под сомнение за незаконска легализација и приватизација на земјиште.

Од Обвинителството за организиран криминал и корупција велат дека за истиот случај, полицијата го бара бара и членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски.

Со истрагата се опфатени уште четири лица. Сите се гонат за злоупотреба на службената положба и овластување. Од Обвинителството велат дека истрагата за овој случај почнала на почетокот на годинава.