НСДП: ВМРО-ДПМНЕ да предложи ново решение за технички министер за внатрешни работи

30.12.2019 13:24

Од НСДП сметаат дека дискусијата за направени преседани е неодржива и несериозна, и го доведува во прашање уставниот поредок, бидејќи предложениот е воено лице...

Не стивнуваат реакции за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи. Од НСДП сметаат дека дискусијата за направени преседани е неодржива и несериозна, и го доведува во прашање уставниот поредок, бидејќи предложениот е воено лице.

„Нема да гласаме за евентуалниот предлог армиски полковник да биде на чело на МВР. Ненавлегувајќи во биографијата на Драган Ковачки, сметаме дека е недозволиво оној што ќе има обврска да го штити Уставот, законите и безбедноста во наредните 100 дена до изборите, да биде изгласан со кршење на Уставот“, изјави пратеничката Мираковска.

НСДП повика ВМРО-ДПМНЕ да предложи ново решение, кадар кој ќе ги исполнува уставните критериуми и принципи, за да може на 12-ти април да се одржат избори.