Земјоделство

Поддршка за млади земјоделци од 10 илјади евра

30.12.2019 13:37

Над 100 млади земјоделци ќе добијат по 10 илјади евра неповратни пари за нови и развивање на старите бизниси. Десет од нив веќе ги потпишаа договорите. Според Министерството за земјоделство има интерес. Во наредниот повик ќе се доделуваат средства во износ до 20 илади евра...

Над 100 млади земјоделци ќе добијат по 10 илјади евра неповратна поддршка за нови и развивање на старите бизниси. Десет од нив веќе ги потпишаа договорите. Според бизнис- плановите парите ќе бидат наменети за набавка на опрема за преработка, за машини за добиток.

Оливера Цветковска од скопско Стајковци планира да го прошири производството. Ќе одгледува пчели и ќе се занимава со органско земјоделство.

Првите контроли за реализацијата на бизнис- плановите се предвидуваат за околу три години, велат од ресорот. Според Бабовски, досега биле склучени 526 договори за инвестиции.

Во наредниот повик ќе се доделуваат средства во износ до 20 илјади евра.

 

Дијана Ценевска