Субвенционирањето на придонесите дава резултати
44.940 илјади работници од добиле добиле просечно зголемување на платата за 4.100 денари. За нив работодавачите ја искористиле мерката за субвенционирање на придонесите. Во реалниот сектор има 490 илјади работници, преку оваа мерка платите се зголемени кај 9 отсто од работниците, очекувањата се до февруари повисока плата да има за 20 насто од вкупниот број вработени во приватниот сектор...

Платите на речиси 45 илјади вработени во реалниот сектор се зголемени во просек за 4.100 денари. По еден месец од воведувањето на мерката за субвенционирање придонеси, надлежните задоволни од нејзината искористеност. Мерката предвидува повисоки плати за 600 до 6.000 денари.
„Вкупниот број на вработени во реалниот сектор е 490 илјади вработени. 9 проценти од вкупната бројка на вработени добиле зголемување. Овие резултати покажуваат дека само за еден месец имплементација на мерката сме постигнале половина од проекцијата на 20 посто опфат со оваа мерка на сите вработени“, изјави министерката за труд, Мила Царовска.
Одобрувањето на субвенциите е едноставно за работодавачите, уверува Управата за јавни приходи.
„Земени се предвид и исплатите на минималната плата, за коишто придонесите се плаќаат до најниската основица за пресметка на придонеси. На пример, при зголемување на плата од 12.500 денари на 14.500 денари, иако се пресметуваат и плаќаат исти придонеси, сепак предвидено е субвенционирање на придонесите на работодавачите, пресметани на разликата на зголемувањето на платата“, рече Сања Лукаревска, директор на УЈП.
Од Организацијата на работодавачи ги повикаа сите компании кои ги исполнуваат условите да ја искористат мерката.
„Законот не ве обрзува дали и понатаму ќе ја зголемувате платата или ќе ја намалувате. Дали ќе се намали просечниот бројот на вработени во фирмата. Дали ќе има некои последици, нема да има. Никакви други обврски нема да имате освен тоа што законот ве охрабрува да ја покачите платата“, изјави Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи.
Предвидено е мерката да се спроведува во наредните три години. За 2020 година во буџетот се планирани 2 милијарди и 400 милиони денари.
Андријана Атанасовска
