Објавен јавен повик за набавка на шест еколошки автобуси за потребите на РЕК Битола
Се набавуваат еколошки автобуси за РЕК Битола, како една од мерките против аерозагадувањето. Сепак, вистинските предизвици допрва претстојат. Надлежните уверуваат дека на почетокот на идната година, ќе се распише тендер за набавка на електростатски филтри...

Со 1,4 милиони евра сопствени средства АД ЕСМ преку објавениот јавен повик за потребите на РЕК Битола ќе набави шест нови еколошки автобуси со погон на метан. Освен што треба да обезбедат квалитетен и безбеден превоз за вработените, тие ќе бидат достојна замена за дел од сегашните автобуси кои беа набавени како половни возила и се големи аерозагадувачи. Кога е во прашање почистата еколошка средини, велат, набавката ќе даде свој придонес во делот на опшетвената одговорност на компанијата.
Сепак, за еден од најголемите аерозагадувачи, вистинските решенија лежат во капиталните еколошки зафати. Од РЕК Битола велат дека на почетокот од новата година ќе биде објавена нова јавна набавка за електростатските филтри, по направените анализи за претходно поништената, и која во јавноста предизвика низа реакции.
Од АД ЕСМ со одговор и за обвинувањата за доцнењето на тендерот вреден 19 милиони евра за набавка на сопствена механизација за ископ на јаглен и јаловина во битолските рудници.
Ковачевски вели дека во буџетот за следниве две години предвидени се нови средства за набавка на дополнителна механизација.
Стевче Митревски
