Под истрага осум лица за злоупотреба на службената положба и овластување
Обвинителството соопшти дека првоосомничениот, како претседател на спортско здружение од Тетово, од крајот на август 2011 година спровел активности за противправен упис на право на сопственост, за што биле доставени лажни докази, со кои започната постапка за легализација. Другите се вработени во Општина Тетово.

Осуммина под истрага за злоупотреба на службена положбата и овластување. Обвинителството соопшти дека првоосомничениот, како претседател на спортско здружение од Тетово, од крајот на август 2011 година спровел активности за противправен упис на право на сопственост, за што биле доставени лажни докази, со кои започната постапка за легализација. Другите се вработени во Општина Тетово.
Станува збор за градежно земјиште од 4.410 квадрати, кое било откупено по цена од 43 денари за квадратен метар, со што буџетот бил оштетен за речиси 53 милиони денари.
Обвинителството бара притвор за шесетмина и мерки за претпазливост за двајца осомничени.
