Скопје

Новата 2020 година ќе биде пречекана со настап на Дино Мерлин на плоштадот „Македонија“

31.12.2019 09:41

За пречек на Новата 2020 година, точно на полноќ, присутните на плоштадот „Македонија“ ќе имаат можност да уживаат во огнометот кој традиционално секоја година светнува на небото над главниот град...

Пејачот, текстописец и музичар Дино Мерлин вечер ќе настапи на плоштадот „Македонија“, за пречекот на Новата 2020 година. Забавата ќе ја отворат музичките групи „Gypsy Groove“ и „Суперхикс“ почнувајќи од 20:30 часот, а одбројувањето до Новата година ќе го направиме со спектакуларното музичко шоу на регионалната ѕвезда, Дино Мерлин, соопшти Град Скопје.

За пречек на Новата 2020 година, точно на полноќ, присутните на плоштадот „Македонија“ ќе имаат можност да уживаат во огнометот кој традиционално секоја година светнува на небото над главниот град.

До дочекот на Новата година на скопскиот плоштад ќе бидат поставени новогодишните куќички на новогодишниот базар „Винтерленд“, кои се сместени на новиот плочник меѓу ГТЦ и плоштадот.

МВР во соопштение во пресрет на новогодишните празници апелираше да не се употребуваат петарди и да се пријавува нивна продажба.