Земјоделство

Нов ИПАРД повик во втората половина од јануари

31.12.2019 10:17

Во втората половина на јануари треба да се објави нов јавен повик за користење на финансиски средства од ИПАРД програмата. На овој оглас земјоделците може да побараат кофинансирање на растителното производство за сите култури освен за тутунот...

Платежната Агенцијата во втората половина на јануари ќе објави нов повик за финансирање на инвестициите на земјоделците.

Финансиските средства се доделуваат како неповратна финансиска поддршка од 60 до 70 проценти доколку се работи за млад земјоделец или инвестиции во неразвиените планински подрачја.

Набавката на трактори нема да се субвенционира. Со овој повик се подржуваат инвестициите кај житните, градинарските и индустриските култури, овошните и лозовите насади, сточарството и производство на мед. Прифатливи инвестиции се изградба или реконструкција на фарми, магацини, силоси, оранжерии, пластеници и други земјоделски објекти како и набавка на повеќе годишни садници и опрема за наводнување.

Најниската вредност на инвестицијата е 3 илјади евра, а најмногу може да се добие до 1,5 милиони евра.

Критериумите и условите за добивање на финансиска поддршка заинтресираните можат да ги добијат во Платежната или во советодавната Агенција и во министерство за земјоделство.

 

Методија Трајков