САД
Бајден е подготвен да сведочи против Трамп во Сенатот
31.12.2019 10:33
Претставничкиот дом на САД покрена истрага за отповикување на челникот на Белата куќа поради злоупотреба на функцијата. Го обвинуваат дека од владата во Киев барал да почне истрага за синот на Бајден во замена за воена финансиска помош.

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден е подготвен да сведочи и изнесе докази за истрагата за импичментот на претседателот Трамп во Сенатот. Одлуката ја соопшти на средбите со избирачите во Ајова.
Претставничкиот дом на САД покрена истрага за отповикување на челникот на Белата куќа поради злоупотреба на функцијата. Го обвинуваат дека од владата во Киев барал да почне истрага за синот на Бајден во замена за воена финансиска помош.
Трамп тврди дека против него се води „лов на вештерки“.
