Судијата Зоран Теофиловски сам се пријавил во Кривичниот суд

31.12.2019 11:43

Судијата Теофиловски е осомничен за истрага што ја отвори Обвинителството за организиран криминал, а во врска со нелегална приватизација на земјиште...

Актуелниот член на Судскиот совет, судијата Зоран Теофиловски, кој беше недостапен за полицијата, изутрината сам се пријавил во Кривичниот суд. Сега на потег е Судскиот совет кој за 24 часа треба да се состане и да одлучи дали ќе му го одземе имунитетот или не.

Судијата Теофиловски е осомничен за истрага што ја отвори Обвинителството за организиран криминал, а во врска со нелегална приватизација на земјиште. Во истата истрага осомничени се уште седуммина, меѓу кои и поранешни вработени во Општина Тетово, кои по барање на членот на Судскиот совет легализирале објект кој не постоел, а потоа бил продаден.

Штетата е проценета на 860.000 евра.