Потпишани договори за изградба на градинки во четири општини
Потпишани договорите за изградба на четири нови градиники во Карпош, Валандово, Пробиштип и Арачиново. До 2024-та година се планира отворање на 7.500 места во предучилишното образование. За идната година од буџетот се одвоени 105 милиони денари. Децата од предучилишната возраст се на врвот на пирамидата во образованието, вели министерката за труд и социјала Царовска...
Со грант од Светска банка ќе се градат четири нови градинки во општините Карпош, Арачиново, Валандово и Пробиштип. Министерката Царовска и градоначалниците го потпишаа договорот вреден 133 милиони денари.
Новите објекти ќе имаат капацитет за 320 деца. Согласно програмата на Владата за инвестиции во предучилишна возраст, досега се потпишани 13 договори за изградба на нови објекти во кои ќе бидат згрижат 7.500 дечиња.
Во Општината Арачиново за прв пат ќе се гради градинка, во Карпош веќе се изградени два нови објекти. Со ова и Пробиштип го решава проблемот со сметување на деца во градинките. Во руралниот дел на Валандово годинава веќе беше изградена нова градинка, ова ќе биде втор нов објект.
Изминатите месеци Владата потпиша договори за изградба на градинки во Кочани, Неготино, Кисела Вода, Струмица, Ѓорче Петров, Кавадарци, Боговиње и Ресен.
Викторија Милевска
