АВСТРАЛИЈА
Жртви во големите пожари во Нов Јужен Велс
31.12.2019 12:06
Според властите на оваа австралиска држава, 4.000 луѓе побегнале на плажата за да се спасат од огнот кој се шири кон брегот. Покрај човечките жртви, пожарот предизвика огромна материјална штета.
Уште две лица загинаа во пожарите во Австралија со што вкупниот број досега изнесува 12. Едно лице исчезна во Нов Јужен Велс, а во Викторија се трага по четворица.
Според властите на оваа австралиска држава, 4.000 луѓе побегнале на плажата за да се спасат од огнот кој се шири кон брегот. Покрај човечките жртви, пожарот предизвика огромна материјална штета.
Неделава температурите во секоја држава надминаа 40 степени, а силниот ветер и грмотевиците му помогнаа на огнот да се шири.
