ГЕРМАНИЈА

Климатските промени – главна поента на новогодишната порака на Меркел

31.12.2019 12:22

Нагласи дека човечкиот фактор е виновен за растот на температурите и проблемите создадени од глобалното затоплување...

Борбата против климатските промени во фокусот на новогодишното обраќање на германската канцеларка Ангела Меркел. Нагласи дека човечкиот фактор е виновен за растот на температурите и проблемите создадени од глобалното затоплување.

„Имам 65 години и сум на возраст во која јас лично веќе нема да ги доживувам сите последици на климатските промени што ќе се случат доколку политичарите не преземат нешто“, наведе канцеларката Меркел.