Спасовски: Уставот мора да биде пред сѐ и над сѐ
Идниот мандатар во техничката влада, Оливер Спасовски одговори на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ полковникот Ковачки да раководи со МВР. Смета дека не е потребна милитаризација на ресорот во една демократска држава...
Уставот мора да биде пред сѐ и над сѐ- идниот мандатар во техничката влада Оливер Спасовски одговори на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ полковникот Ковачки да раководи со МВР. Смета дека не е потребна милитаризација на ресорот во една демократска држава.
„Да го почитуваме Уставот, и во тој поглед немаме дилема дека тоа треба да биде пред сѐ и над сѐ. Второ, кога размислуваме за овој кандидат размислуваме и за милитаризацијата на МВР, а тоа воопшто не е потребно во демократска држава и демократско општество“, рече Спасовски.
Тој нагласи дека на сите им е познато што значеше милитаризацијата на МВР на времето со доаѓањето на Горан Грујовски и дека тоа потсетува на, како што рече, огромното закочување на човековите права и слободи.
„Не сакам да прејудицирам и да зборувам за човекот било што друго, едносатавно ова е предлог што е надвор од Уставот“, нагласи Спасовски.
Според најавите, опозициската партија конечниот став ќе го соопшти в четврток.
