Мицкоски: Следува година на промени на подобро
Во новогодишната честитка до граѓаните, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавува година со промени на подобро, економски бум и дека Европа ќе влезе во Македонија во вистинска смисла на зборот.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денешното секојдневие е далеку од како што вели моите, и од вашите желби. Во новогодишната честитка до граѓаните, најавува година со промени на подобро, економски бум и дека Европа ќе влезе во Македонија во вистинска смисла на зборот.
„Новата година е и инспирација. Момент на топлина, визија, позитивен амбиент и голем елан. За желбите да станат стварност треба да се бориме, но и да веруваме. Јас ќе се борам до крај, бидејќи верувам во идеалот на обновата. Верувам дека вие и вашите деца треба да се среќни, да имате добар стандард, стабилност, напредок, правдата да царува, а државата да се грижи за вас. Тоа е обновата. Тоа го посакувам. И тоа ќе го остварам, заедно со вас и пред се за вас, за мојот народ“, вели Мицкоски.
Ве повикувам да уживате во новата година и успесите кои сите заедно ќе ги оствариме и донесеме- стои во новогодишната честитка на Мицкоски до граѓаните.
