Заев: Во 2020-та да го направиме најдоброто за нашата земја

31.12.2019 12:59

Инвестираме во нашите граѓани, во иднината и во децата- новогодишна порака на премиерот Заев...

Во 2020-та уште повеќе ќе го разгориме пламенот на заедништвото и солидарноста. Инвестираме во нашите граѓани, во иднината и во децата- новогодишна порака на премиерот Заев.

„Драматично го свртевме социјалниот курс, ја правиме нашата земја социјална и праведна држава. Наша заедничка обврска е да овозможиме сите луѓе да ја добијат шансата што ја заслужуваат, да ги искористат своите вештини“, посочува Заев.

Шефот на владата вели дека обврска е целосно воспоставување на правна држава, и дека за тоа нема отстапки.

„Постојано да си честитаме што успеавме да ги вратиме слободата и демократијата. Да се храбриме бидејќи имаме економија која платите ги влече напред, како никогаш до сега. Бидејќи економијата од минус ни отиде во плус. Но, да биде јасно, пред нас е обврската за целосно воспоставување на правна држава. Нема отстапки, нема шминки и брзи поправки, туку темелна реформа. Јас ќе направам сѐ за да го оствариме тоа. Останете посветени на правдата, вашата поддршка е суштинска за да успееме“, наведува Заев.

Премиерот во новата година посакува секој од нас да го направи најдоброто за нашата земја.