Жртви во големите пожари во Австралија

31.12.2019 13:14

Австралиските власти бараат помош од САД и Канада поради пожарите кои беснеат на источниот дел од континентот. Состојбата се влошува во Викторија и Нов Јужен Велс поради високите температури, силниот ветар и грмотевиците. Во пожарите во Австралија досега загинале 12 лица...

Уште две лица загинаа во пожарите во Австралија со што вкупниот број досега изнесува 12. Едно лице исчезна во Нов Јужен Велс, а во Викторија се трага по четворица. Според властите на оваа австралиска држава, 4000 луѓе побегнале на плажата за да се спасат од огнот кој се шири кон брегот. Властите издадоа предување за жителите, но и за туристите да заминат од Источен Гипсленд во австралиската држава Викторија. Помош бараат и од САД и Канада.

„Веќе една недела е вака. Неверојатно е, ветрот се движи сега кон југ. Огнот е во рпавец на нашите домови, страшно е. Не знаевме дали да се евакуираме. Мислам дека не ни имавме избор.“

„Ние имаме семејство, размилсувавме и ако се случи нешто, може да заглавиме овде. Не смееме да ризикуваме поради нив. Сакаме да сме безбедни.“

„Сигурно останувам. Има малку чад, ама ќе бидеме добро.“

Покрај човечките жртви, пожарот предизвика огромна материјална штета. Неделава температурите во секоја држава надминаа 40 степени, а силниот ветер и грмотевиците му помогнаа на огнот да се шири. Поради неповолните услови беше откажан и фестивал на западниот брег на земјата.

Метеоролозите велат дека климатскиот систем во Индиски Океан, познат како „дипол“, е главниот причинител за екстремните горештини на континентот. Како фактор за катастрофата се посочува и сушата која според научниците достигнала рекордни размери.

 

Маја С. Филишев