Прилеп:

Хуманост, весела атмосфера и многу желби за Новата Година

31.12.2019 13:58

Прилепчани со пораки во пресрет на Новата Година. Гимназијалците за првпат почнаа голема хумана акција на дарување, граѓаните со намера заедно да слават, а младите и да патуваат. Ќе има и заеднички пречек во центарот на градот...

Годинава да заврши хумано, со добра мисла и намера, порачаа прилепските гимназијалци. Цело полугодие собираа средства за преку 400 пакетчиња со храна и облека за да им поделат на децата од социјално загрозените семејства во населбите Тризла и Три багреми.

Прилепчани со најблиските ќе ја пречекаат Новата 2020 година. Повозрасните, главно дома, младите со друштво. А и сакат да патуваат.

Неколку детски претстави, Дедо мраз со џуџињата и со децата, и целоднивна програма, понудија локалните власти во пресрет на Новата Година. Вечер е заедничкиот пречек на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во весела атмосфера со Мила Москов, Прилепски еснаф и со пораки за посреќна и стабилна 2020 година.

 

Елизабета Митреска