Курц и Коглер постигнаа договор за формирање влада
Лидерот на Народната партија Себастијан Курц претходно коалицираше со ултрадесничарската Партија на слободата сè до скандалот кој ја урна владата во мај лани.

По неколкумесечни прегоовори, Конзервативците на Австрија постигнаа договор за формирање на коалициска влада со Зелените со што за прв пат во Владата влегуваат левичарите.
Лидерот на Народната партија Себастијан Курц претходно коалицираше со ултрадесничарската Партија на слободата сè до скандалот кој ја урна владата во мај лани. Вернер Коглер кој ги предводи Зелените изјави дека Австрија треба да стане европски лидер за прашањата за климатските промени.
Двајцата лидери ќе се фокусираат на намалување на даноците, со исклучок на данокот за животна средина. Се очекува дека Курц ќе се врати на канцеларската, а Коглер на вицеканцеларската функција.
