ИЗРАЕЛ
Нетанјаху ќе бара парламентарен имунитет
02.01.2020 11:15
Во ноември, премиерот беше обвинет за поткуп и измама во три одделни случаи, но Нетанјаху ги негира тврдењата.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху ќе бара парламентарен имунитет од судско гонење во три корупциски скандали. Потегот веројатно ќе го пролонгира судењето до изборите во март.
Во ноември, премиерот беше обвинет за поткуп и измама во три одделни случаи, но Нетанјаху ги негира тврдењата. За да добие имунитет ќе му биде потребна поддршка од над 50% од пратениците.
