Истрага за обид за убиство во Чајлане

02.01.2020 11:20

Осомничениот на Нова година, во семејната куќа го нападнал сопствениот брат...

Основното јавно обвинителство отвори истрага за обид за убиство во село Чајлане, Општина Сарај. Осомничениот на Нова година, во семејната куќа го нападнал сопствениот брат.

Двајцата најпрвин започнале расправија, по што во еден момент лицето извадило нож и неколкупати го прободел оштетениот во вратот, нанесувајќи му животозагрозувачки повреди.

Надлежен јавен обвинител побарал притвор за осомничениот, бидејќи тој може да побегне, да го повтори делото или да ја попречува кривичната постапка.