АВСТРАЛИЈА

Вонредна состојба во Нов Јужен Велс поради пожарите

02.01.2020 11:54

Високи температури и силен ветер се прогнозриаат и за престојниот викенд. Од септември, во шумските пожари во Нов Јужен Велс и во Викторија загинаа 18 луѓе

Премиерот на австралиската држава Нов Јужен Велс прогласи вонредна состојба во период од една седмица поради пожарите кои и натаму се шират.

Високи температури и силен ветер се прогнозриаат и за престојниот викенд. Од септември, во шумските пожари во Нов Јужен Велс и во Викторија загинаа 18 луѓе. Екипите на терен трагаат по 17 луѓе.