Заев: Ново законско решение за амбасадори

02.01.2020 13:47

Од 2017-та досега, 87,5% од лицата кои се назначени за амбасадори се кариерни дипломати, 35 од нив се професионални, а само 5 се политички решенија.

Предлагаме ново законско решение за амбасадори, кое ќе ја штити дипломатската служба во иднина, давајќи предност на кариерните дипломати, напиша премиерот Заев на својот Фејсбук профил.

Од 2017-та досега, 87,5% од лицата кои се назначени за амбасадори се кариерни дипломати, 35 од нив се професионални, а само 5 се политички решенија.

За споредба, во периодот 2006- 2017 година, соодносот помеѓу професионалните и политичките решенија бил 42,3%, или во реалноста 33 кариерни и дури 45 политички решенија, наведува премиерот Заев.