Фудбал

Шпанија, Франција...Неимар,Роналдо на патот за Бразил

06.03.2014 12:50

Тоа беше раскошна фудбалската вечер. Истрчаа стотина национални селекции од целиот свет, ја демонстрираа силата на фудбалот, еден дел од нив ги тестираа сопствените можности во очи настапот на Мундијалот во Бразил. Каков беше учинокот на земјите-велесили, кои ќе ја имаат фаворитската улога на Светското првенство?

Тоа беше раскошна фудбалската вечер. Истрчаа стотина национални селекции од целиот свет, ја демонстрираа силата на фудбалот, еден дел од нив ги тестираа сопствените можности во очи настапот на Мундијалот во Бразил. Каков беше учинокот на земјите-велесили, кои ќе ја имаат фаворитската улога на Светското првенство?

Бразил постигна најуверлива победа над Јужна Африка со 5:0. Во не премногу компликуваната натпреварувачка мисија на „Кариоките“  одново блесна Неимар со три гола во мрежата на противникот. На задоволство на селекторот Фелипе Сколари. Португалија со истата гол-квота го испрати Камерун. Во победничките 5:1 два гола беа дело на Кристијано Роналдо. Конечно се појави победничката насмевка на лицето на Рој Хоџсон. Англија по фрустрирачките порази од Чиле и Германија успеа да ја совлада Данска со 1:0. Голот на Стариџ дојде во 82- та минута, после „цела вечност“  Вембли се крена на нозе.

Во Мадрид и во Париз вечер на „европска фудбалска класика“! Шпанија со 1:0 ја совлада Италија. Многу поголема тежина има успехот на Франција со 2:0 против Холандија. „Триколорите“ уште во првото полувреме со головите на Бензема и Матуиди го „разгалија“ Стад Д, Франс. Дидие Дешамп  е на добар пат. На Холанѓаните  ретко им  се случува да си  заминат од теренот без постигнат гол? Веројатно во составот на Луј Ван Гал за поголема ефикасност  недостасуваше Ариен Робен! Германија со 1:0 го „смири“ Чиле, по неколкуте претходни мечеви во Европа победнички завршени.Очекуваната  „голеада“ во Букурешт изостана! Романија и Аргентина одиграа 0:0! За Меси, Игуаин, Ди Марија противничкиот гол остана мистерија, а за селекторот Алехандро Сабеља размислување зошто е тоа така!

„Мундијалците од соседството“ останаа без победа. Босна и Херцеговина неочекувано остана со празни раце во дуелот против Египет. „Фараоните“ со 2:0 имаа пријатно  гостување. Швајцарија и Хрватска одиграа нерешено 2:2. Честа на Хрватите со два гола ја спасуваше ветеранот Ивица Олиќ.