Зелените пазари полупразни, дел од тезгите затворени
На неколку дена пред најголемиот христијански празник Божик, зелените пазари се полупразни. Дел од тезгите затворени. Продажбата е намалена, се жалат продавачите, иако велат дека цените се лански. Очекуваат побарувачката да се зголеми во текот на викендот...
Полупразни пазари, затворени тезгиња. По Нова година, а пред Бадник и Божик, продавачите без големи очекувања. Се жалат дека цените се исти како и лани, но прометот е опаднат. Сепак, не губат надеж - наредниве денови очекуваат повеќе купувачи.
Тиквата се продава 20 денари за килограм, костените 150 денари, лешниците 180. Потрошувачите велат, за претстојните празници треба да се купи од сè по малку.
Обидот за законско регулирање на зелените пазари, лани дополнително ја влоши состојбата. Продавачите протестираа. Беа и против воведувањето на лиценците, посочувајќи дека се во лоша економска состојба.
Годинава се очекува ресорното министерство да донесе ново законско решение.
Дијана Ценевска
